Во последно време 2,3 милиони граѓани на Венецуела ја имаат напуштено оваа некогаш најбогата земја во Јужна Америка поради аматеризмот со кој Николас Мадуро ја води државата и неговите јалови политики кои ја доведоа Венецуела пред колапс.
Кризата наликува на европската од 2015 година и нејзината токсичност се заканува да го затруе регионот. Соседите на Венецуела веќе се подготвуваат за ескалација: Бразил прати војска на границите откако локални селани почнаа да ги напаѓаат бегалците а Перу прогласи вонредна здравствена состојба во две провинции во кои имигрантите донесоа сипаници и маларија.
„Германија прими еден милион бегалци за три години, мојата земја прими толкав број за една,“ вели амбасадорот на соседна Колумбија во ОН.
Кризата во Венецуела лежи во лошите економски политики. Претходникот на Мадуро, фамозниот Хуго Чавез, пред 15-тина година воведе великодушни социјални програми, национализираше индустрии, им нудеше речиси бесплатна нафта на своите политички сојузници како што е Куба во замена за увоз на доктори од таму....
Сето тоа беше можно со тогашната цена на нафтата. Денес цената е неспоредливо пониска а Мадуро упорно продолжи со популизмот. И зариба, и тој и луѓето на Венецуела.
Види:
Инфлацијата во Венецуела низ купови пари
*******
Неодамна, Мадуро во Истанбул, на софра кај фамозниот Салт Бае: