Некои клубови не треба воопшто да добијат лиценца за натпреварување за да им дојде памет дека вака не се организира натпревар. Извезен Марио Куељар кој настапува за Оријенте Петролера, добил тешка повреда по која требало да го стават во амбулантно возило и правец во болница. Но што се случува?
Амбулантно возило имало, ама возачот не бил внатре, па алтернативата беше трагикомична. Викнаа такси - караван и го ставија во гепек човекот. За сцената да биде уште по бетер со отворена врата го возеа.