Кој колку ја познава реалноста на својата земја?

Глобално истражување за тоа колку луѓетo ги познаваат клучните факти за својата земја покажува една разочарувачка вистина: ни степенот на демократија ниту пак развиеноста и слободата на медиумите имаат врска со тоа каде колку 'трупови' има.

Иако остатокот на светот често ги смета за најголеми игноранти, Американците не поминаа лошо во истражувањето "Ризиците на перцепцијата" во кое луѓе од 33 земји од светот биле испрашувани колку им се познати некои клучни состојби во нивната земја.

Колку дебели луѓе има околу нив, колку жени има меѓу политичарите, колку има верници, млади, колкумина живеат на село и слични базични прашања за државата во која се живее.

Од САД подобри испаднале само 4 земји и тоа со различен политички и демократски профил: Јужна Кореја, Ирска, Полска и Кина. А истовремено Американците се поупатени за состојбите во својата земја отколку оние во Шведска, Канада, Франција или Велика Британија

Американците го преценуваат богатството на нивните најбогати па им припишуваат 57 проценти од домашните приходи (фактите велат 37%) а го преценуваат и бројот на млади од 25 до 37 години кои се уште живеат со родителите: испитаните процениле дека такви има 34 проценти а во реалноста всушност ги има само 12 %. Истовремено, граѓаните на САД го потценуваат бројот на дебели лица во својата земја.

Она што речиси консензуално се греши е околу чувството за тоа колку дојденци има во некоја земја. Во 31 од 33 земји општ е впечатокот дека дојденци има повеќе отколку што навистина ги има.

 

8 декември 2015 - 14:37