Таг: перцепција

Хронемика: кога вашето и туѓото време не поминува исто

„Хронемика“ е изучување на употребата на времето во невербална комуникација. Начинот на којшто го перцепираме, структурираме и реагираме на времето е моќна алатка, и за уредување на меѓусебните односи, но и за нивна манипулација. Во различни култури ова има врска со процесот на комуникација, но оној позатскриениот, кој се одвива меѓу редови. Притоа, точноста, подготвеноста да се почека, брзината на говор и опсегот на внимание при муабет се некои од релевантните индикатори.

Кога горе е долу: зошто голем број гејмери ги менуваат контролните опции?

Каприц, навика, генерациска особина или нешто што може да се објасни со невронаука? Oпцијата за менување на „нагоре“ со „надолу“ и обратно во видео игри кажува нешто за начинот на кој некои луѓе се позиционираат во просторот.

Дали и вие не знаете каде ви одат годините?

Учено се нарекува „телескопско доживување на темпоралноста“. Но без оглед на софистицираноста на употребените зборови, чувството е универзално - дека како што старееш, така не знаеш каде ти одат сите тие денови, месеци и години, кои фучат како сиви тркачки автомобили.

Научник е ако е грд

Студија на Кембриџ утврдила дека научните работници со привлечен и атрактивен изглед јавноста ги есапи помалку сериозно од нивните понепривлечни колеги. За среќа, на нашата интелектуална сцена (ене ги по телевизии) има многумина на кои по овој критериум можеме бескрајно да им веруваме. Додека не отворат уста.

Познатиот е подолг

Колку повеќе пати сме минале некој пат, толку тој ни се чини подолг, потврдува едно британско истражување кое објаснува зошто секојдневните одења на работа или училиште на луѓето им изгледаат бескрајно долги.

Кој колку ја познава реалноста на својата земја?

Глобално истражување за тоа колку луѓетo ги познаваат клучните факти за својата земја покажува една разочарувачка вистина: ни степенот на демократија ниту пак развиеноста и слободата на медиумите имаат врска со тоа каде колку 'трупови' има.

Да не им се мешаме во брокулите

Прехрамбената индустрија толку долго и прецизно го таргетира или едниот или другиот пол што храната наменета за обата пола веќе ги збунува луѓето. 

Мажите се балвани а жените на парче

Човечкиот мозок навистина различно ги перцепира мажите и жените. Мажите ментално се процесираат како целини а жени како збир на - погодете кои - делови.