Атрактивниот изглед на еден научник можеби е добар атрибут за привлекување луѓе за предавања и полнење амфитеатри но не и за неговиот кредибилитет и „тежина“ во очите на публиката.
Тоа го утврдиле истражувачи од Кембриџ сакајќи да дознаат какво влијание има изгледот на научните работници во перцепцијата на јавноста.
Имајќи ја предвид важноста на науката во најважните прашања на денешницата како што се климатските промени, одржливоста на храната или вакцинирањето, научниците сè повеќе се наоѓаат во ситуација јавно да се ангажираат. Од политичките студии знаее дека изгледот знае да биде битен фактор во нечија политичка кариера и сакавме ад видиме дали истото важи и за научниците“, изјави доктор Вил Скајларк.
Работејќи со волонтери утврдиле дека луѓето се позаинтересирани да дознаат нешто за трудовите на авторите со привлечен изглед но истовремено на таквите им давале пониска оценка за нивната компетентност.
За воља на вистината, вакви „истражувања“ се дел од општата естрадизација која ја има зафатено и науката. Во случајов, резултатите се извлечени од банално покажување фотографии на 300 научници на волонтери кои немале никаков абер за нивното академско портфолио а требало да ја оценуваат нивната компетентност. Во некои други времиња, на Марија Кири не ѝ се замераше што не е некоја риба за да ѝ се верува дека има што да каже за рентген зраците.