Студија на Кембриџ утврдила дека научните работници со привлечен и атрактивен изглед јавноста ги есапи помалку сериозно од нивните понепривлечни колеги. За среќа, на нашата интелектуална сцена (ене ги по телевизии) има многумина на кои по овој критериум можеме бескрајно да им веруваме. Додека не отворат уста.