Армиска директива од минатиот месец ја укина забраната за носење на косата во дредлокс и други суканки од тој жанр сè додека таквата фризура ги почитува останатите параметри на дозволениот изглед.
Плетенките ќе почекаат, освен оние најтенките бидејќи со новата регулатива се дозволува суканката да биде широка најмногу 1,27 сантиметри.
Многу жени со афро-американско педигре се израдувале на ваквата естетска либерализација, добар дел од нив не верувале дека тоа ќе го доживеат пред да се пензионираат.
Во новиот ПС на американската војска го нема веќе рестриктивниот член кој војнички глупо беше формулиран вака:
“Не е дозволено вртење на две одделни прамена коса околу трет прамен со цел да се создаде засукана форма на коса во облик на јаже“
Ако ве занимааат сите можни детали и прописи за тоа како треба да изгледа припадник на американската војска (.пдф, 69 страни!) - тука