На 46. Меѓународен турнир во Струга, кој важи за еден од посилните пред почетокот на сезоната во Европа, францускиот Тулуз го освои третото место, ама ќе ги паметиме по фризурата на Роман Жирондо кој е дебитант во екипата. А за дебитантите по традиција има топло добредојде со нова фризура која ја бираат соиграчите.