Гостите на Енфилд Роуд допатуваа со 6.000 навивачи, замислете 6.000 гостински навивачи бодрат клуб од четврта лига и тоа на гости. Тоа е таа страст за фудбал на островот без разлика за која лига се работи.
Вредноста на првите 11 кои беа во стартниот состав на Брендон Роџерс изнесуваат 130 милиони фунти, а меѓу нив беше и Роберто Фирмино, третото најскапо засилување во историјата на Ливерпул.
Споредба за тоа колку чинат играчите нема потреба да правиме, со оглед на тоа што видовме како тоа изгледа меѓу Челси и третолигаш.
Интересно е што и во едни вакви околности и ваква статистика, малиот Карлајл се избори за конечни 1:1 и пенали против 18 кратниот првак на Англија. Уште поинтересно е што денеска англиските медиуми пишуваат дека херој на средбата против четвртолигашот е голманот на Ливерпул Адам Богдан кој им одбрани три пенали и спречи сензација.