Челси ќе игра против тим кој е изграден со неделната плата на Фалкао

Актуелниот шампион на Англија вечерва ќе гостува на стадионот Бескот кој собира 11.300 гледачи и ќе се сретне со клуб кој не купил поскап играч од 175.000 фунти во својата историја.

Волсал е дел од третата англиска лига, а вечерва во рамките на Лига купот ќе има чест да игра против една од најмоќните екипи во Англија и во светот.

Се работи за клуб која има петмина фудбалери кои не чинат ниту една фунта, а најскапиот играч им е Ентони Форде кој игра за репрезентацијата на Ирска У21 и чија вредност изнесува 90.000 фунти.

Волсал кој е основан во 1888 година има потрошено помалку пари за трансфери во целата нивна историја од Челси само во изминатово лето.

Рекордниот трансфер на Сините од Лондон е оној на Фернандо Торес во 2011 година за кој потрошија 50 милиони фунти, додека Волсал најмногу пари имаат дадено за Алан Балки кој во 1979 година го платија 175.000 фунти.

23 септември 2015 - 17:54