Најголемите англиски дерби средби

Автентичниот англиски фудбал со полни стадиони и фантастична атмосфера последниве години го заменија арапските и руските милијардери, како и строгите закони и репресија над навивачите. Сепак, некои дерби дуели и натаму го чуваат она вистинското.

Кардиф Сити - Свонси СитиНеколку години на гостинските навивачи за овој дуел им беше забрането присуство, што само по себе ви дава одговор на прашањето колку е големо ова дерби. Во 1988. година избил инцидент во кој навивачите на Свонси ги фрлиле овие на Кардиф во море. Големото присуство на полиција само делумно ги смирило страстите, но не и политичката, културолошката и социјалната поделба меѓу овие два тима. Комплетен ривалитет.

Њукасл Јунајтед - Сандерленд

Британците велат дека Тајн-Вер дербито датира уште од граѓанската војна од крајот на 18-ти век, кога Њукасл останал верен на кралот а Сандерленд кон парламентот. Но кажете му го тоа на навивачот на Њукасл што минатата година му удри бокс на полицискиот коњ. Ова не е само дерби меѓу два града раздалечени 16-ина километри или обичен фудбалски меч, туку дуел со реална симболична важност. Натпревар кој ја дефинира сезоната како успешна или неуспешна.

Шефилд Јунајтед - Шефилд Венздеј

Најстарото светско фудбалско дерби. Датира од 1862 година и важи за најголемо дерби надвор од Премиер лигата. Иако двата клуба минуваат низ тешки периоди, страста не се ублажува. Иако елементот хулиганизам драстично е под контрола во последните неколку години, сепак наелектризираната атмосфера се чувствува низ градот неколку недели пред и после дербито на Шефилд.

Милвол - Вест Хем Јунајтед

Милвол Атлетик и Темза Ајронворкс биле две компании на спротивните страни од кејот на реката Темза кои се бореле за истиот бизнис. Подземниот криминал го зголемил ривалитетот на овие две компании, две страни, два клуба, два различни света во 1960-те и 1970-те и трае до денес. Нередите на Аптон Парк во 2009. година кога навивач на Милвол беше избоден со нож останува најголемиот инцидент меѓу овие два ривали во последно време.

Арсенал - Тотенхем Хотспур

Иако навивачите на Тотнем и Арсенал се генерално исти луѓе, средната класа на Лондон со пристојни плати, тоа не ја намалува омразата едни кон други. Од 1919 до 1971 и од 1991 до 2004 ова ривалство донело многу различни моменти низ историјата. Спарси уште пеат против Сол Кембел, иако тој ги напушти за Арсенал дури пред 13 години.

Бристол Сити - Бристол Роверс

За град кој навистина не го сака фудбалот во таа мера да има два големи клуба, ова дерби е изненадувачки содржително. Иако Роверс се во Конференцијата сега, тие и натаму играат меѓу себе, најчесто во купот каде редовно има инвазија на теренот, кордони полиција на коњи и оштетен град следното утро.

Вест Бромвич Албион - Вулверхемптон Вондерерс

Двата клуба се мразат повеќе едни со други отколку што ја мразат Астон Вила, можеби затоа што се исти клубови со слична историја и буџети. Натпреварите редовно им се добри со многу голови, а најпознат е триумфот на ВБА од 5-1 кога Мик Мекарти ја загуби работата тренер на Вулвси.

Астон Вила - Бирмингем Сити

Алекс Меклиш добил смртни закани од Бирмингем кога го напуштил клубот и станал тренер на Астон Вила. Промоцијата на Бирмингем во Премиер лига вдиши нов оган во ова дерби кое секогаш носело многу тензија и нереди во градот.

Евертон - Ливерпул

Можеби нималку пријателско дерби на комшии и меч со најмногу црвени картони во Премиер лигата, но низ годините Евертон и Ливерпул покажаа дека имаат повеќе заеднички нешта од ривалите. Има извесен респект и чувство дека дербито повеќе е дефинирано како иритација, отколку омраза. Во последните неколку години заедно ги обележаа годишнините на трагедијата во Хилзброу.