Автентичниот англиски фудбал со полни стадиони и фантастична атмосфера последниве години го заменија арапските и руските милијардери, како и строгите закони и репресија над навивачите. Сепак, некои дерби дуели и натаму го чуваат она вистинското.
Викендов во Премиер лигата ќе се одигра Мерсисајд дербито помеѓу Евертон и Ливерпул, натпреварот кој е познат како пријателско дерби на трибините со фамилии поделени на „црвени" и „сини", но најнедисциплиниран дуел на теренот.