Дуелот помеѓу Евертон и Ливерпул е дерби со најдолг стаж во Премиер лигата кое трае непрекинато веќе 51 година.
Постојат поголеми дербија во светот, зачинети со територијални, религиозни или политички несогласувања, но Мерсисајд дербито го има она братско несогласување со повод вечни фамилијарни расправии.
Двата клуба порано биле еден, тие не потекнуваат од различни делови на градот, ниту се претставени од различен народ, а кога газдата на Енфилд го избркал Евертон од стадионот, тој дури сакал својот нов клуб да го носи тоа име, но по тужбите тој се одлучил да го крсти својот тим Ливерпул.
Дуелот помеѓу Евертон и Ливерпул важи за пријателски дуел затоа што многу фамилии се поделени на „црвени" (Ливерпул) и „сини" (Евертон).
Навивачите на трибините на Гудисон и Енфилд никогаш не се целосно поделени и често седат заедно.
На финалето на Лига купот во 1984-та година на Вембли, сите трибини беа мешани, па навивачите дури и заедно скандираа „Мерсисајд, Мерсисајд" и „Гледаш ли Манчестер?".
По 80-те години ривалството се интензивираше, но само на теренот. Од оформувањето на Премиер лигата, Мерсисајд дербито е дуел со најмногу црвени картони во споредба со дуели помеѓу било кои две други екипи.
Токму затоа медиумите велат дека ова е „најнедисциплинираното и најагресивно дерби во Премиер лигата", но тоа важи само за теренот. На трибините фамилии се уште си одат заедно во сини и црвени дресови.
Под нетрпеливост кај навивачите се подразбира фамилијарен инает, тврдоглавост и сеир за губитникот.
Натпреварот помеѓу Евертон и Ливерпул го отвара 12-то коло од Премиер лигата во сабота во 13:45 часот, а тука можете да го типувате резултатот и да покажете колку ве бива за кладилница.