Минатата година најголемите фудбалски ѕвезди го пуштија во етер сервисот Otro на кој се објауваат интервјуа, видеа од тренинзи и фотографии на Меси, Зидан, Бекам и многу други познати фудбалери.
За Otro Бекам раскажал малку познат случај со популарната фризура „мохавк“ (индијанска четка). Ден пред мечот со Челси од Суперкупот на Англија во 2000-та година, Бекам решил да ја избричи главата и да остави само еден дел за да направи мохавк фризура.
„Влегов во соблекувална, ама он (Фергусон) не ја примети фризурата зошто јас се плашев да му ја покажам. На ден пред мечот дојдов на тренинг со капче, тренирав исто со шапка, отидов во хотел со шапка, ручав со шапка, утредента шапката на мене во автобусот исто“, раскажува Бекам.
Но на крај немало бегање и големиот Ферги ја видел „четката“ на Бекам.
„Кога веќе се спремав за мечот ја соблеков капата. Тогаш Фергусон се вцрвени и рече: „Бричи одма“. Јас се насмеав, но тој ме погледна со израз на лицето: „Не се шалам“. Морав да барам ножици и брич и да ја бричам цела мохавка во тоалетот на ’Вембли’. Тренерот секогаш беше во право“, се сеќава Бекам.
На тој меч Манчестер изгуби 0-2, а Рој Кин стана последниот фудбалер кој бил исклучен на стариот легендарен ’Вембли’.
А за таква необична фризура Бекам се инспирирал од филмот „Таксист“ со Роберт де Ниро.
„Неколку вечери пред мечот со Челси го гледав филмот и помислив: „Колку добра фризура“! Побарав од својот стилист Тајлер Џонстон да дојде и да ми направи таква мохавка како Тревис Бикл“.
И покрај тоа што Бекс ја избричил четката во август 2000-та, во мај 2001-ва тој одново направил таква фризура. Мохавка се смета за една од поретките фризури на Бекам, но Дејвид смета дека денес таквата фризура би му стоела подобро:
„Работите многу се сменија. Излегуваат на терен со четка, со тетоважи на глава или разнобојни копачки. Тоа им е нормално. Кога ние бевме млади, тренерот не те пушташе на терен во црвени или бели копачки. Се знаеше“.