Мајк Вернер, Германија, поранешен голман на Ханза Рошток
Стилот на Мајк веќе одамна е во историјата. Тој се појавувал на теренот со три локни на челото и густа ’џигерица’ позади на вратот. Во негово време бил хит.
Џејсон Ли, Англија, пораншен напаѓач на неколку англиски клубови
Афротекстурата може да изгледа добро, но никако во случајот на Џејсон. Неговата варијанта треба да стои по берберници како берберот не треба да шиша.
Џовани Симеоне, наш современик, Арргентина. Напаѓач на Џенова, син на големиот тренер на Атлетико Диего Симеоне.
Сигурно е дека нема човек што кога го видел не помислил што му е на човеков? Добар ли е со паметот? Ако го правел некој фризер, треба да оди во затвор без судење, а ако се шишал сам, тогаш треба да се запраша што е проблемот.
Џо Кол, поранешен англиски репрезентативец и фудбалер на Вест Хем и Челси. Акцент на силна црвена боја на единствениот дел од косата кој го оставил на главата значеше и влегување на некогаш најталентираниот европски фудбалер во потесен избор за најлоша фризура на сите времиња.
Енди Керол, Англија, центарфор на Вест Хем кој во 2011 година прејде во Ливерпул за неверојатни 35 милиони фунти и не направи ништо.
Алекси Лалас, пораншен стопер на репрезентацијата на САД
Иако тврдеше дека во Европа уште не стигнала таа мода од САД, најголемиот рокер што играше на Светското 1994 имаше фризура во која многу денешни тренери би фрлиле мастика колку да ја ишиша.
Мануел Локо, поранешен напаѓач на Ангола кој играше на Мундијалот 2006.
Мешавината на руска војничка фризура „шестка со тројка“ и примеси од африкански стајлинг резултираше со фризура со која не би ве пуштиле ни во затвор. Ама ете, дечкото се појави со ваква фризура на Светско првенство.
Мирослав Пенер од чешкиот клуб Теском никогаш не играл за репрезентацијата, но влегол во историјата на фудбалот од други причини.
Големиот Роналдо кој стана најдобар стрелец и го освои Светското 2002 фрли сенка на сите достигнувања со мизеријата од фризура.
Бразилецот Сандро Раниери денес игра во Турција но кога дојде во Англија се појави со фризура со која за малку не го вратиле од пасошка контрола.
Кој не слушнал за главниот фрик на ’90-те? Тарибо Вест?
Како Луис Фиго, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња кој играше во Барселона и Реал Мадрид изгледал во ’90-те години.
Поранешниот бек на Чиле, Хавиер Маргас многу сакал да експериментира па еднаш ја офарбал косата во боите на чилеанското знаме. Далеку од боите на чилеанското знаме.
А го паметите ли Абел Ксавиер? Десниот бек на репрезентацијата на Португалија кој се појави на едно Европско првенство со луда фризура. Денес е селектор на Мозамбик.
Во 2010 година Арсенал го доведе мароканскиот напаѓач Маруан Шамах кој освен што менуваше фризура секој ден, не покажа ништо посебно на теренот.