Познатиот е подолг

Колку повеќе пати сме минале некој пат, толку тој ни се чини подолг, потврдува едно британско истражување кое објаснува зошто секојдневните одења на работа или училиште на луѓето им изгледаат бескрајно долги.

Невролозите подолго време знаат дека човечкиот мозок слабо проценува оддлачености но досегашните истражувања главно биле водени во затворени и артифициелни средини.

Во Универзитетот во Манчестер сакале да дознаат како работите стојат во реалниот свет па собрале 140 студенти од архиктектура и утврдиле дека еден километар, бруцошите го проценуваат на 1,2 додека апсолвентите тој им се чини како 1,5 килоиметри.

Оддлаченоста (во нашиот мозок) се зголемува поради тоа што со текот на времето, на рутата почнуваме да забележуваме сè повеќе поединости и како што деталите се кумулираат, оддалеченоста ни се чини поголема.

Истражувачите најавуваат дека во следната студија ќе се обидат да го расветлат фактот зошто одењето на некое место ни се чини пократко од враќањето од него.

 

3 ноември 2016 - 12:36