Ваквите разлики во перцепцијата важат и за машкиот и за женскиот мозок. Истражувањето публикувано во European Journal of Social Psychology покажало дека доколку објект на посматрањето е маж, мозокот прибегнува кон тнр глобално когнитивно процесирање во кој главна тема е целината.
Доколку пред себе се има жена, тогаш таа ментално се процесира "локално", како нешто што е составено од повеќе делови.
Со други зборови, мажот го гледаме како фотографија, а жената како мозаик.
Инаку, процесирањето "во делови" најчесто е присутно кога се посматраат објекти, како што се куќи, автомобили и слично.
Истражувачите сметаат дека ваквите резултати можат да објаснат дел од причините зошто жените почесто се предмет на сексуални објективизации иако причините за тоа се доминантно културолошки а не билошки.
Иако разликите во посматрањето важат и за машкиот и за женскиот мозок, се претпоставува дека мотивите се различни: мажот обраќа внимание на сексуално привлечните женски делови во потрага по партнер за парење, а жените ги забележуваат истите тие делови заради сопствена споредба со "конкуренцијата".