4. Името Џесика го создава Шекспир за претставата Венецијанскиот трговец.
5. Клеопатра живеела поблиску до измислувањето на Ајфонот, отколку до изградбата на Големите пирамиди.
6. YKK на вашиот патент е скратеница за производителот "Yoshida Kogyo Kabushikigaisha."
7. Саудиска Арабија увезува камили од Австралија.
8. Млекото на нилскиот коњ е розево.
9. Целосното име на Барби е Барбара Милисент Робертс.
10. Морковите оригинално имале виолетова боја.
11. Два пати е поверојатно да бидеш убиен од автомат за продавање отколку од ајкула.
12. Премиерата на Дома сам е многу поблизу до спуштањето на месечината отколку до денес.
13. Универзитетот Оксфорд е постар од Империјата на Ацтеките.
14. Армадилото речиси секогаш раѓа идентични четворки.
15. Бети Вајт е постара од пакуваниот сечен леб.
16. Еднорогот е национално животно на Шкотска.
17. Њујорк е појужно отколку Рим.
18. Северна Кореа и Финска ги дели една држава.
19. Мамутите исчезнале 1.000 години откако Египќаните ги завршиле Големите пирамиди.
20. На светот има повеќе вештачки фламинга, отколку живи.
21. Последниот пат кога Чикаго Кабс го освоиле првенството уште постоеше Отоманската империја.
22. Исто така лижавчињата не беа измислени.
23. И жените немаа право на глас во САД.
24. Ако го намалиш Сонцето на ниво на бела крвна клетка, и потоа во иста пропорција го намали и Млечниот пат, неговата големина ќе биде колку САД.
25. Џон Тајлер, 10-от претседател на САД има внук кој и ден денес е жив.
26. Вил Смит денес е постар отколку вујко Фил на почетокот од The Fresh Prince.
27. 50% од ДНК на луѓето е идентична со ДНК на банана.
28. Duck Hunt е игра за двајца играчи. Вториот играч ја контролира патката.
29. Разликата во периодот во кој живееле Тираносаурусот Рекс и Стегосаорусот, е поголема отколку разликата од периодот на Т-Рекс до денес.
30. Уште едно за Чикаго Кабс: Последен пат кога го имаат освоено првенството, Аљаска, Аризона, Хаваи и Ново Мексико се уште не биле сојузни држави.
31. Плутон не успеа да сврти цел круг околу Сонцето од периодот кога е откриен, до моментот кога е декласификуван како планета.
32. Медот никогаш не се расипува. Никогаш.
33. Во вселената има повеќе ѕвезди, отколку што има зрна песок на сите плажи на Земјата.
34. Горното езеро (од Големите езера) има доволно вода за да ги покрие Северна и Јужна Америка со 30 сантиметри вода.
35. Во САД има повеќе јавни библиотеки отколку МекДоналдси.
36. На секој човек на Земјата има приближно 1,6 милиони мравки. Вкупната тежина на сите мравки на планетава е приближно иста колку и вкупната тежина на сите луѓе.
37. Октоподот има 3 срца.
38. На секои 5000 новороденчиња има по 1 бебе кое се раѓа без анален отвор, кој потоа мора докторите да го направат.
39. Не можеш да "хмкаш" со затворен нос.
40. На Сатурн и Јупитер врне дијаманти.
41. За Римјаните пирамидите стари, колку што Римјаните се за нас.
42. Во вашето тело има 10 пати повеќе бактерии отколку клетки.
43. На секои две минути правиме повеќе фотографии отколку што целото човештво имало направено во 19-от век.
44. Желките можат да дишат низ задникот.
45. Во една чаша вода има повеќе атоми, отколку што има чаши вода во сите океани на Земјата.
46. Веројатноста дека во секоја чаша вода што сте ја испиле има молекула на вода која минала низ диносаурус е речиси 100%.