Во новата книга Енигмата на разумот, когнитивните научници Хуго Мерсиер и Ден Спербер, тврдат дека разумот е развиена карактеристика, како одењето на две нозе, "таа се појавува во саваните на Африка, и треба да биде разбрана во тој контекст".
Аргументот на двајцата е дека "најголемата предност на луѓето во однос на останатите видови е нашата способност да соработуваме. Соработката е тешко да се воспостави и уште потешко да се одржи. За секој поединец 'гребаторството' секогаш е најдобра насока за дејствување. Развојот на разумот не е за да ни овозможи да решаваме апстрактни, логични проблеми па дури и да ни помогне да извадиме заклучок од непознати податоци; туку, тој е развиен за да ги решава проблемите што произлегуваат од животот во групи кои соработуваат".
"Разумот е адаптација на хиперсоцијалната ниша што луѓето ја имаат развиено за самите себе," пишуваат Мерсиер и Спербер.
За една од "најдобро каталогизирани форми на погрешно мислење" се смета "наклонетоста кон конфирмација" како тенденција на луѓето да ги прифаќаат информациите што ги потврдуваат нивните верувања и ги отфрлаат информациите што се спротивни на истите.
Тоа што се наклонети кон она што им одговара да го слушнат, не значи дека луѓето се лековерни, бидејќи "кога ќе ни биде претставен аргумент кој е спротивен на нивниот став, ние сме прилично вешти во наоѓање на слабостите на туѓото мислење, додека речиси без исклучок позициите кон кои сме слепи се нашите".
Според Мерсиер и Спербер, ваквата закоравеност е затоа што задачата заради која го имаме развиено разумот е да не дозволи да бидеме измамени од останатите членови на нашата група.
"Живеејќи во мали групи на ловци - собирачи нашите предци првично биле загрижени околу нивната позиција во групата, и да осигураат дека тие нема да бидат оние што постојано го ризикуваат својот живот во лов, додека другите седат на безбедно во пештера и се гребат од нив. Имало малку предност од јасно размислување, додека многу можело да се придобие од победување во расправии," се објаснува во текстот на Њујоркер.