Таг: римско дерби

Тренерот на Лацио со орлица на рака ја прослави победата против Рома

Во големото римско дерби Лацио со 3:2 ја совлада Рома а бјанкочелестите знаеа да ја прослават победата. Тренерот Маурицио Сари ја сподели среќата со фамозната орлица - грб и симбол на фудбалскиот клуб Лацио на стадионот „Олимпико“.

Каде бе дете? 20 трофеи имам со Барселона

34 години за фудбалер и не се многу ако се викаш Педро. Славниот шпански фудбалер кој можеше без размислување да оди во пензија, после тие неповторливи успеси со Меси и другарите.

Уличарски однос на Ѕаниоло на римското дерби

Рома тешко го прифати поразот од Лацио 3:2 во вечното дерби. Жозе Мурињо се вадеше на судиите и не се појави на прес конференцијата после мечот, а пак Николо Ѕаниоло фрустрациите ги истури со срамен гест наменет кон навивачите на Лацио.

Лудница во соблекувалната на Лацио

Римското дерби во Италија важи за натпревар на сезоната, посебен од сите други. Ако го добиеш си херој, ако го изгубиш лузер, па цела година ќе те ребрачат. Се слави како да си освоил ЛШ.

Преубавиот амбиент на римското вечно дерби

Во неделата вечер во Италија се играше големиот римски дуел меѓу Рома и Лацио кој го фрли во сенка дербито Наполи - Јувентус на „Сан Паоло“.

Ќе има тешки кавги за даљинското, ова е недела на дербија

Кој вели дека спортска среда не е среда без Лига на шампиони? Ѕирнете што ќе има вечер на програмата и трк по пиво и кикирики, со поголема залиха која ќе ви треба за викендов. Па не можеше да биде појако.

Беше ѕвезда во Лацио, а сега е меѓу ултрасите

Постигна гол на римското дерби, на она легендарното со Ди Канио, кога во Лацио беше и Пандев, освои две Скудета со Интер, а викендов билдаше атмосфера низ улиците на Рим како вистински тифозо. Дечкото е стварно цар и вистинска реткост што го прави ова.

Како се роди кореографијата на Ултрас Рома за дербито

Изгубени саати, денови, нерви - сè за трибината да изгледа добро за време на вечното римско дерби. Техника: класика - четка на платно.

Морбидна порака на навивачите на Рома кон своите играчи

"Еден совет без да се навредите....спијте со запалено светло", им порачаа навивачите на фудбалерите на Рома кои се бесни по нивниот двоен неуспех во римското дерби оваа сезона.

Најкликаното видео по римското дерби

Кога Чиро Имобиле доби топка од Милинковиќ Савиќ и излезе сам пред голман во напад трчаа двајца напаѓачи, едниот со топка кон гол, а другиот поради професионална деформација. Колку само симпатично изгледа ситуацијата, да ти дојде да му ја подадеш.

Лацијалите откачија од славје по елиминацијата на Рома

Кога на аеродромот Фјумичино во Рим ќе слета нов играч на Лацио или Рома го добива првиот совет кој гласи вака: Прави што ќе правиш сезонава и ако сакаш загуби ги сите натпревари само тепај на дерби. По сега видете колку е големо ривалството меѓу овие две екипи.

Бариерите се минато, Олимпико ќе крца за дербито

Навивачите на Рома и Лацио се соочуваа со еден доста идиотски потег на трибините кои за нив се светост, па властите во Италија конечно попуштија и со тоа допринесоа реваншот во полуфиналето на Купот на Италија да блеска со навивачки кореографии. 

Ако директорот е Романист, учителкава ќе лета од работа

Овие деца немаа настава во четврток наутро, бидејќи тоа беше ден по победата на Лацио против Рома, а учителката е хард кор навивачка на Лацио, му се допаѓало тоа на некој или не во нејзиниот клас.

Милинковиќ ме виде на трибина и ми го подари дресот, а Пандев ми има варено кафе

Римското дерби не е збирно место само за Римјани. Го посетуваат Срби, Хрвати, Македонци, Словенци или поточно од сите балкански земји. Токму еден од нив си замина дома со дрес од стрелецот на првиот гол во Купот, познат како СМС. Го имаме ексклузивно со кусо интервју.

Поранешен фудбалер на Лацио во улога на водач на навивачите на римското дерби

Во исполнетата Курва Норд каде беа сместени навивачите на Лацио, синоќа имаше и еден Бразилец кој има освоено два италијански Купови и две Скудета. Но овој пат се појави како страствен навивач. Слика која ретко се гледа во фудбалот.

Најголемиот ултрас меѓу џандарите

Римското дерби викендов му припадна на Рома која славеше со 2:0, а дел од делириумот на Олимпико беше и овој полицаец кој веројатно униформата ја искористил во тие два часа да биде само навивач и да не се замара со одржување на ред и мир.

„До вчера продаваше чорапи и каиши по Штутгарт, сега глуми феномен“

Босанецот Сенад Лулиќ сосема непромислено даде навредлива изјава за стоперот на Рома, црномурестиот Антонио Рудигер и сега го чека долга суспензија.

Пеколниот живот на 18 годишниот навивач во бегство кој дознал дека направил убиство на радио

Веќе 37 години навивањето на стадионот Олимпико во Рим не е исто како претходно. Го променија Џовани Фиорило и Винченцо Папарели, навивачи кои ги бодреле Рома и Лацио. Првиот заврши во затвор, а вториот во гроб. Оваа сторија е за незаборавното крваво римско дерби кое излезе од контрола.

Римското дерби без одмазда

Во 87 години историја и 180 меѓусебни средби, Лацио и Рома имаат само едно меѓусебно соочување во финалето од Купот на Италија кое го реши Сенад Лулиќ во 71 минута. Тоа е 26 мај 2013-та, историски датум за Лацијалите на кој ќе се сеќаваат со години и децении. Го нарекуваат „дерби без одмазда“.

Последно римско дерби за рекордерот

Капитенот на Рома со 11 голови е најдобар стрелец во историјата на Лацио - Рома, меч на кој истрчал дури 40 пати во кариерата. Омразените ривали во недела го играат својот дуел од 15:00, но со веројатно најмал број гледачи во историјата на меѓусебните средби. Франческо Тоти по сè изгледа ќе го игра последното дерби во кариерата, затоа што уште нема најава дека ќе му биде продолжен договорот со клубот.

Градско дерби без навивачи

Препознатливите кореографии на навивачките групи кои прават спектакл на римското дерби, овој пат нема да ги гледаме. Навивачите на Рома и Лацио ќе го бојкотираат и вториот нивни дуел оваа сезона. 

Пост римско дерби

Во неделата се одигра Il Derby della capitale, битката за Рим која заврши без победник 2:2. Лацио водеше 2:0, а Рома во вториот дел израмни со двата гола на Франческо Тоти. Римската полиција објави дека кај 18 уапсени лица пред и после натпреварот пронашла разни оружја, спремни за употреба во случај на инциденти.