Ќе има тешки кавги за даљинското, ова е недела на дербија

Кој вели дека спортска среда не е среда без Лига на шампиони? Ѕирнете што ќе има вечер на програмата и трк по пиво и кикирики, со поголема залиха која ќе ви треба за викендов. Па не можеше да биде појако.

Два телевизори или еден пренос на тв, а друг на лап топ е веројатно единственото решение за ваквите набиени распореди кои ни следуваат во фудбалска Европа. Освен ако нејќете да гледате во кладилница со пациентине кои ќе ви ја подујат главата на тоа машините за покер или што и да се што ги намонтираа.

Ова е недела на 10, да на ДЕСЕТ дерби натпревари кои се мелем за душа и очи. Ја гледаш листава и сфаќаш дека барем 60-70% од натпревариве не се во никој слушај за испуштање.

Пазете ова, ќе има Ел Класико ама два пати во пет дена, еднаш во реваншот од полуфиналето на Копа Дел Реј по оние 1:1 на Камп Ноу и еднаш во првенството. И двете дерби соочувања ќе бидат во Мадрид.

Во Премиер Лига на програмата за три градски дербија од кои две ги игра Тотенхем. Серија А ги нуди дуелите на сезоната кои не се рипаат што и да има друго на тв. Вечното римско дерби и дуелот за Скудетото.

Ако одите на картата дека дома ќе играте разумно, тогаш кажете и на жената вака: Добро еве Марсеј, Порто и Баерн ќе ги рипнам, пушти што сакаш, ок?

Среда
Челси – Тотенхем (21:00)
Реал Мадрид – Барселона (21:00) – реванш полуфинале од Копа дел Реј

Сабота
Тотенхем – Арсенал (13:30)
Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен (18:30)
Лацио – Рома (20:30)
Реал Мадрид – Барселона (20:45)
Порто – Бенфика (21:30)

Недела
Евертон – Ливерпул (17:15)
Наполи – Јувентус (20:30)
Олимпик Марсеј – Сент Етјен (21:00)

27 февруари 2019 - 12:06