Една од главните фигури, а можеби и играч на мечот на римското дерби беше Педро, прв играч кој по пауза од 40 години летово направи трансфер помеѓу големите ривали.
Статистиката извади уште еден занимлив податок. Тој стана само трет во историјата кој успеал да постигне гол на вечното дерби за двете екипи. Другите двајца се Арне Селмонсон и Александар Коларов.
И покрај тоа што се во подобра форма, избраниците на Жозе Мурињо загубија со 3:2, а нозете им ги пресече Педро со убав потег на прва во 19-та минута за предност од 2:0.
Ѕаниоло е 12 години помлад од него, но Педро сè уште е брз и умешен со топка и си поигра со Италијанецот.
Педро тежи 20 трофеи со Барселона од кои три во ЛШ и уште три со Челси, како и светска и европска титула со Шпанија.
На крајот правеше фешта со симболот на Лацио.