Таг: педро

Педро навивам за Венеција, ама ќе може твојот дрес?

Веќе некое време, најнова мода и начин за да се дојде до дрес од својот идол е тоа да му го пишеш на хартија и да му го покажеш на стадион. Е сега треба и играчот да има сенс. На мечот Венеција - Лацио, тоа му успеа на едно дете.

Каде бе дете? 20 трофеи имам со Барселона

34 години за фудбалер и не се многу ако се викаш Педро. Славниот шпански фудбалер кој можеше без размислување да оди во пензија, после тие неповторливи успеси со Меси и другарите.

Првпат после 40 години играч премина од Рома во Лацио

На Шпанецот Педро, детето на Барселона кој направи врвна кариера па играше во Челси и освои еден куп трофеи каде и да играше, му се падна да биде запишан во историјата како прв фудбалер после скоро пола век кој направил трансфер меѓу двата вечни римски ривали.

Педро во кариера дал повеќе од 190 гола, ама еден му е посебно јак

На 32 години веќе зад себе има 5 шампионски титули во Шпанија, 3 Купа и 4 Супер купа во Шпанија, 3 титули во Лига на шампиони, 2 титули во Светско клупско првенство 2009 и 2001, Премиер лига, ФА Куп, Лига Европа, Светско и Европско првенство со Шпанија. Се изнадава еден куп голови во Барселона и Челси (сега го бараат Валенсија и Рома), ама еден гол ќе го памти засекогаш.

Првиот фудбалер на светот кој ги освои сите најголеми трофеи

Шпанскиот репрезентативец Педро досега во кариерата со Барселона, Челси и Шпанија има освоено 25 трофеи меѓу кои и највредните во фудбалот, со што стана единствен во историјата.

Магариња на мост

Во мечот во кој Челси со 2:0 го совлада Тотенхем а главна вест беше седнувањето на Кепа на клупа за резерви, Педро и Дени Роуз се однесуваа како деца при еден аут на Азпиликуета во судиското продолжение.

Педро направи мајмун од својот чувар

Челси синоќа славеше 1:2 на гостуањето против Барнли, а потегот на мечот го направи Педро кој крие нешто бразилско во себе. Штета што акцијава не заврши со гол, инаку сигурно одеше на некоја најавна шпица.

Педро и Челси спасија клуб од Канарски острови

Благодарение на ФИФА training and solidarity mechanism и поради фактот што Педро играл за овој тим до 17 години, клубот Ракви Сан Исидро ќе добие околу 450.000 евра од целосната сума која Челси ќе ѝ ја плати на Барселона.

Викенд на Каталонци во Билбао

По Бернабеу во Мадрид, баскискиот Сан Мамеш во Билбао важи за најтешко гостување во Примера. Сепак, Барса вчера лесно го совлада Атлетик со 5:2, а стрелци на головите за Блауграна беа Меси, Нејмар, Суарез, Педро и еден домашен фудбалер. Барса сега има само еден бод помалку од лидерот Реал Мадрид.

Тројца шутраци се сплеткаа пред гол

За сите тројца има голем материјал за сеир. Првиот е од Барселона и успеа сам да се издрибла, да се сопне и да ја загуби топката, за вториот Јувентус на Реал му плати 20 милиони евра, а третиот е од Кајзерслаутерн и сигурно после ова ќе бара да игра во одбрана.

Педро е најпрецизен голгетер во Европа

Луис Суарез и Диего Коста ги искинаа мрежите оваа сезона, но за тоа потрошиле и многу топки.

Педро во стилот на Блажевски

Атрактивниот гол со ножички на Дејан Блажевски од Турново веднаш се најде на порталите каде можеме да ги видиме најубавите голови од сите лиги во светот. Воодушевен од оваа мајсторија против Еуромилк, Педро од Барселона почна истото да го вежба на тренинг.