Педро и Челси спасија клуб од Канарски острови

Благодарение на ФИФА training and solidarity mechanism и поради фактот што Педро играл за овој тим до 17 години, клубот Ракви Сан Исидро ќе добие околу 450.000 евра од целосната сума која Челси ќе ѝ ја плати на Барселона.

Со трансферот од Барса во Челси вреден 23 милиони фунти, Педро ќе спаси еден клуб од Канарските Острови. Очигледно никогаш не сте слушнале за Ракви Сан Исидро, а и зошто би слушнале? Освен ако не сте биле на Тенерифе и евентуално ако сте гледале некој фудбалски дуел од шпанската петта лига.
 
За клуб од таа дивизија, парите често се проблем и опстанокот на клубот е отежнат. Ракви Сан Исидро е клуб кој има пријателски расположена публика, иако стадиончето со капацитет од 2.700 седишта речиси никогаш не е исполнето до последно место. Па дури ни минатата година кога завршија втори во Preferente, лига на Канарските Острови која е петта по ред во пирамидата на шпанскиот фудбал.
„За три години колку што сум претседател на клубот, неколку пати минував низ трансфер ембарга. Кога го земав клубот имаше долгови од 300.000 евра но сега се намалени на 22.000 евра“, вели првиот човек на клубот Хаиме Лоренцо.

Лоренцо го води клубот низ помирни води, но неговиот учинок не може да се спореди со оној кој го направија Мурињо и Роман Абрамович за неговиот клуб Ракви Сан Исидро.
 
Благодарение на ФИФА training and solidarity mechanism и поради фактот што Педро играл за овој тим до 17 години, тоа значи дека клубот ќе добие околу 450.000 евра (320.000 фунти) од целосната сума која Челси ќе ѝ ја плати на Барселона. Клубот сега, освен по трофеите на Педро (СП, 3 ЛШ, 5 Ла Лига и др.) ќе може да се пофали и по тоа што крилниот напаѓач им овозможи да пловат по мирни води.
„Со парите што ќе ги добиеме, ќе може да ги покриеме сите долгови што ги имаме. Ќе купиме неколку апартмани и ќе ги издаваме за да му гарантираме на клбуот нормално функционирање. Тоа значи дека нема да зависиме од локалните власти на Канарите.
Неколку фудбалери веќе изразиле желба да го засилат составот на Ракви Сан Исидро, клуб кој ќе се обиде да се искачи во шпанската фудбалска хиерархија. Благодарение на Педро и Челси.
20 август 2015 - 12:59