Венеција загуби дома од Лацио 1:3, ама за едно дете од домашната публика сепак тоа ќе биде натпревар за паметење.
Замина спремен на стадион со натпис до Педро да му го даде дресот, а големата шпанска ѕвезда го забележа, ја прескокна оградата и му го направи денот на малиот.
Навивачите на Венеција се воодушевени од гестот на фудбалерот на Лацио, кој и покрај тоа што имал еден куп опции, сепак се решил да испочитува млад навивач од спротивниот табор.
Педро го отвори резултатот уште во 3 минута и на 34 години игра одлично во Лацио за кој до полусезона постигна 8 голови.
Доста богат беграунд има овој човек. 23 трофеи со Барселона од кои 3 во ЛШ, 3 трофеи со Челси, како и светски и европски првак со Шпанија.
Во сезоната 2009/2010 стана прв играч во историјата што успеал да постигне гол на сите клупски натпреварувања, во една сезона и во една календарска година.