Лацио за сега е најголемото изненадување сезонава и во Серија А, каде е на само -3 од лидерот Наполи и во Лига Европа, каде е перфектен и единствен со 4 од 4.
Изненадување бидејќи ангажираа анонимен тренер по Марко Барони на кој му донесоа анонимни засилувања, а го продадоа првиот стрелец во клупската историја Чиро Имобиле, како и Луис Алберто и Фелипе Андерсон.
Меѓу најзвучните имиња кои останаа и веројатно најзвучното е Педро, кој во Лацио доживеа втора младост.
37 годишниот Шпанец сезонава има целосно неочекуван придонес, а тоа се 6 гола на 11 настапи по 3 во првенство и Европа. Од нив 5 во месец октомври и тоа 3 во само една недела, на три меча по ред.
Педро ја игра четврата сезона во Лацио откако направи изненадувачки трансфер од Рома каде Мурињо одлучи да не смета на него.
Така стана прв играч после голманот Астутило Малџољо кој во 1985-та направи трансфер меѓу двата вечни ривали.
Дресот на Лацио го облече на 19 август 2021-ва и по само еден месец и даде гол на Рома и стана само трет стрелец во историјата на градското дерби, за двете екипи.
Педро е легендарно име со 321 настап и 99 гола за Барса кој ги фати златните денови на Камп Ноту, каде беше важна карика и првотимец заедно со Меси, Давид Виља, Чави, Бускетс, Иниеста...
Во периодот 2008-2016 освои 20 трофеи меѓу кои и двете тројни круни и стана прв играч во историјата кој успеал да постигне гол на сите клупски натпреварувања во една сезона и една календарска година.
Пред да се пресели во Италија, имаше одлични партии и во Челси на кој со 206 натпревари и 43 гола му помогна да освои Премиер лига, ФА Куп и Лига Европа.
Со голот во финалето од ЛЕ против Арсенал, стана само петти стрелец во историјата на двете финалиња ЛШ и ЛЕ.
Синоќешниот гол против Порто во 92-та минута за делириум на Олимпико.
Трите гола од мечот Лацио - Порто 2:1
Освен реноме, искуство и голови, во Рим донесе и забава со стариот италијански хит на Рафаела Кара кој го носи токму неговото име.