Педро уште држи лекции, ништо без него

На Олимпико во Рим имаше понеделничка голеада меѓу Лацио и Удинезе кои одиграа 3:3 во натпревар на кој резултатот до 80 минута беше 1:1, а потоа почна драмата. Гостите три пати беа во водство, но работата кај домаќините ја извади ветеранот Педро кој има речиси 39 години и тоа со гол и асистенција. Издојуваме три голчишта или поточно првите три на мечот. Најпрвин на дефанзивците Кингсли Ехизибуе и Лука Пелегрини, а потоа и на легендарниот Педро.

28 април 2026 - 09:27