Луверпул и Атлетико Мадрид имаат фантастични резултати по првиот дел од сезоната и котираат високо на табелите во англиското и шпанското првенство. Најзаслужни за тоа се Суарез и Коста кои играат во врвна форма и кои се најдобри стрелци во европските првенства со по 19 голови.
Но на напаѓачот на Ливерпул му требало многу обиди за да стигне до таа бројка на погодоци со која ги засени голгетерите како Руни и Агуеро и тоа го сторил со 77 шутеви кон гол. Предводникот во нападот на Атлетико до истата бројка на голови стигнал со 20 обиди помалку.
Гледано од статистички аспект лидер во оваа конкуренција на стрелци од сите лиги на стариот континент не е ниту Роналдо, ниту Меси, туку Педро Родригез кој постигнал 10 гола од само 27 обиди со 37% реализација.
На листата на првите 10 стрелци го нема расположениот Кристијано Роналдо кој сезонава 18 пати ги затресе мрежите во Шпанија, но неговата реализација во проценти е многу мала само 14,6 или поточно 123 потрошени удари кој гол.