Таг: николо ѕаниоло

Ѕаниоло ќе го носи бројот 17 во чест на 17 годишен навивач на Галатасарај кој загина во земјотресот

Мухамед Емин Озкан е голем навивач на Галатасарај. На Твитер профилната слика му е од Икарди, а каверот од Фатих Терим. Таман направи видео за големото засилување од Рома и не го дочека.

Каде бе дете? 20 трофеи имам со Барселона

34 години за фудбалер и не се многу ако се викаш Педро. Славниот шпански фудбалер кој можеше без размислување да оди во пензија, после тие неповторливи успеси со Меси и другарите.

Уличарски однос на Ѕаниоло на римското дерби

Рома тешко го прифати поразот од Лацио 3:2 во вечното дерби. Жозе Мурињо се вадеше на судиите и не се појави на прес конференцијата после мечот, а пак Николо Ѕаниоло фрустрациите ги истури со срамен гест наменет кон навивачите на Лацио.

Со цигара во рака не се станува Тоти

Николо Ѕаниоло важи за голем талент на Рома и во моментов е еден од најопасните млади напаѓачи во Италија. Но деновиве ја оплеска, а весниците го спружија на насловна. Во сред пандемија излегол во диско и тоа без маска, па уште и фатен со цигара.

Слалом на Ѕаниоло од своја половина ала Меси

Рома го декласираше СПАЛ на гости со 1:6. Голот на колото, кој сигурно треба да влезе во топ 5 на сезоната е овој на Николо Ѕаниоло. Напаѓачот на Рома се отвори леле мајко. Еден, двајца, тројца, четворица, море вкупно пет души ги изеде. Страшен гол. Го сметаат за наследник на Тоти.

Фотографија на денот во Италија

Откако Кориере дела Сера објави статија со фотографија на која се гледа едно дете со дрес на Ѕаниоло од Рома во центарот на Милано, позитивните реакции продолжуваат.

Фудбалери кои се израдуваа што Европското се помести за 2021

Одложувањето на Евро 2020 за следното лето е историски настан, преседан. Овој турнир никогаш во историјата не се преместил а првпат се случува поради вирус да се премести еден голем фудбалски настан.

Го гледаш Ѕаниоло на тв и ти доаѓа од зад грб

Беше дел од трампа во која со Сантон заминаа во Рома, а Наинголан во Интер. Стана најмлад двоен стрелец во ЛШ на мечот против Порто. Брз е и пргав, а некои го сметаат за наследник на Тоти. Иако има само 20 години веќе им е идол на навивачите на Рома. Погледнете како ги израдува децава. Збунети беа сите.

Што направи детево бе, пола Јуве го издрибла

На прсти се бројат играчите кои можат вака дрско да му влезат со слалом на италијанскиот првак. Николо Ѕаниоло има 20 години и е голема надеж во Рома и италијанската репрезентација и тоа многу голема со оглед на начинот на кој игра. Немаа лек за соло продоров, па Де Лихт на крај мораше со бодичек.

Топ 8 трансфери во Серија А за кои се очекува разврска

Лето е период за трубење, шпекулирање и билдање цени на играчи со помош на освојување простор на насловни страни. Но со оглед на статусот и муабетите за нив, половина сигурно, а можеби и сите овие јаки имиња ќе го сменат дресот.

За талентот на Рома кој преку ноќ стана миленик на Јужната трибина

Франческо Тоти, легендата на римскиот клуб, речиси никогаш не сакал да зборува за негов евентуален наследник. Никогаш, освен неодамна кога „на сите ѕвона“ го испофалил малиот Николо Ѕаниоло од кого тифозите на „волчицата“ очекуваат баш многу.

Прв гол во Серија А за детето кое прво дебитираше во Лига на шампиони и репрезентација

Еден од поубавите голови на 18 коло во италијанската Серија А, прво во историјата на Божиќ, го постигна младиот фудбалер од среден ред на Рома Николо Ѕаниоло.