
Истрагата која ја води Обвинителството на Милано опфаќа 12 играчи од Серија А, меѓу кои и славни репрезентативци.
Се работи за периодот помеѓу декември 2021-ва и октомври 2023-та во кои се запланетени 1,5 милиони евра, плус има и пет барања за домашен притвор.
Меѓу имињата кои ги идентификувале истражителите, покрај Николо Фаџоли и Сандро Тонали, од чии телефони почнала истрагата, се и играчот од средниот ред на Милан, Алесандро Флоренци, тогашниот напаѓач на Рома, Николо Ѕаниоло, кој е сега во Фиорентина.
Потоа Матија Перин и Вестон Мекени од Јувентус, како и нивните поранешни клупски колети, Аргентинците Анхел Ди Марија и Леандро Паредес.
Дефанзивецот на Аталанта Раул Беланова, во тоа време член на Интер и Торино. Самуеле Ричи од Торино, тогашен играч на Емполи. Кристијан Буонајуто, Матео Канчелиери, дефанзивецот Фирпо од Лидс, тенисерот Матео Џиганте и уште десетина луѓе кои не се спортисти.
За да ги наполнат скришно сметките на нелегалните онлајн платформи, 12-те осомничени играчи од Серија А, парите ги уплаќале во продавница за накит.
Трансферите им биле следени, а сумите биле исти со цената на Ролекс, како и други луксузни часовници.
Инаку Газета дело Спорт пишува дека се работи за платформи како Betsport22.com, Swapbet365.eu, Vipsport360.com, Texinho.com, управувани од судија од Серија Д, кој е пријател на сестрата на Тонали.
Весникот тврди дека ако некој се обложувал на фудбал, ќе биде суспендиран три години, плус ќе треба да плати парична казна. Ако соработува и се изјасни за виновен, ќе добие попуст каков што е случајот со Тонали и Фаџоли.