Николо Ѕаниоло раскрсти со Рома и стана нов играч на Галатасарај за рекорден трансфер во историјата на турскиот фудбал од 16,5 милиони евра + 13 милиони во бонуси.
23 годишниот италијански фудбалер потпиша договор на 4,5 сезони за плата од 2,7 милиони евра, а за оваа полусезона ќе заработи 900.000 евра.
Замина за време на трагичните и тажни денови за земјата која не може да ги доброи жртвите од големиот земјотрес, кој удри во 10 градови.
Ѕаниоло беше тивно донесен во Истанбул, ги мина задолжителните медицински прегледи, а потоа им се придружи на навивачите да помогне во хуманитарната акција. Веднаш донирал 400.000 лири (околу 20.000 евра).
17 годишниот навивач Мухамед Емин Озкан, толку се израдувал на засилувањето, што уште пред да се официјализира трансферот споделил видео од Ѕаниоло.
Галатасарај заедно со Италијанецот не го заборавија и направија големи гестови.
Промотивното видео за трансферот почнува токму со видеото на навивачот од кого ставија и слика, а Ѕаниоло во негова чест ќе го носи дресот со број 17.
„Многу сум тажен за Мухамед и за целиот турски народ. Ја дадов мојата помош за поддршка. Направете го тоа и вие и сите заедно да да бидеме посилни од претходно“, вели Ѕаниоло во видеото.
Nicolò Zaniolo: “Muhammed ve Türk halkı için çok üzgünüm.”
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) February 9, 2023
Hayatını kaybeden yurttaşlarımızı saygıyla anıyoruz, hiçbirinizi unutmayacağız! ∞
ℹ️ Afet bölgelerine ulaştırılmak üzere, Nef Stadyumu ve Galatasaray Taçspor Tesisleri’nde yardımlarınızı bekliyoruz. ❤️🤍 pic.twitter.com/IO4xFV6nqO
Озкан загина во оваа зграда од каде го фотографирал името на Икарди, кое го самиот го напишал на снегот во неделата, кога го реши Трабзонспор со гол од пенал, ден пред да се случи земјотресот.