Што направи детево бе, пола Јуве го издрибла

На прсти се бројат играчите кои можат вака дрско да му влезат со слалом на италијанскиот првак. Николо Ѕаниоло има 20 години и е голема надеж во Рома и италијанската репрезентација и тоа многу голема со оглед на начинот на кој игра. Немаа лек за соло продоров, па Де Лихт на крај мораше со бодичек.

На крај се испостави дека по овој прекршок Ѕаниоло го скинал лигаментите и ќе мора да оди на операција. Во најава е долга пауза, па дури можеби ќе го пропушти и Европското во јуни.

12 јануари 2020 - 23:42