Рома со 3:1 го совлада Сасуоло и освои три важни бода во трката за место во Лига на шампиони следната сезона. Третиот гол за Римјаните го постигна младиот Николо Ѕаниоло кој буквално ја изработи одбраната на гостите како на тренинг:
Ова беше прв гол во професионалната кариера на Ѕаниоло кој важи за голема надеж на италијанската репрезентација. Минатото лето Рома го доби Ѕаниоло како дел од зделката со трансферот на Наинголан во Интер.
Интересно, Николо сезонава веќе доби повик да игра за репрезентацијата на Италија а во моментот кога Манчини го повика, тој уште немаше ни минута во Серија А. „Го видов како игра и ме воодушеви. Плус што е левак а нам ни треба левоног играч во екипата. Му заѕвонив за да дознаам повеќе за него. Има уште многу да учи, но Николо може да израсне во голем играч“, изјавил тогаш селекторот Манчини.
Дури и во Лигата на шампионите 19 годишниот Ѕаниоло дебитирал пред да заигра во италијанското првенство и тоа против Реал Мадрид. Во Серија А првпат заигра недела дена по дебито во ЛШ.
„Мечтаев за гол во Серија А уште од детсдтвото. Имав моменти на други натпревари, но не дадов гол. Во првото полувреме имав шанса но топката отиде понадесно и не ја зафатив. Мислам дека е важно да тренирам а головите ќе дојдат“, рече Николо по мечот со Сасуоло.