Последно римско дерби за рекордерот

Капитенот на Рома со 11 голови е најдобар стрелец во историјата на Лацио - Рома, меч на кој истрчал дури 40 пати во кариерата. Омразените ривали во недела го играат својот дуел од 15:00, но со веројатно најмал број гледачи во историјата на меѓусебните средби. Франческо Тоти по сè изгледа ќе го игра последното дерби во кариерата, затоа што уште нема најава дека ќе му биде продолжен договорот со клубот.