Во неделата се одигра Il Derby della capitale, битката за Рим која заврши без победник 2:2. Лацио водеше 2:0, а Рома во вториот дел израмни со двата гола на Франческо Тоти. Римската полиција објави дека кај 18 уапсени лица пред и после натпреварот пронашла разни оружја, спремни за употреба во случај на инциденти.