Дресовите на Даниеле Де Роси, Наинголан и Салах се најдоа на куклите кои осамнаа обесени на еден мост веднаш до колосеумот во Рим, а зад нив и заканувачка порака зад која се кријат смртни закани.
Навивачите на Рома по се изгледа не можат да се помират што нивниот тим го загуби римското дерби два пати во рок од месец дена на две различни натпреварувања и удри по своите играчи на доста морбиден начин.
На 4 април Рома беше елиминирана од Лацио во полуфиналето од Купот на Италија, а на 30-ти истиот месец иако според коефициентите во обложувалниците се сметаше за фаворит, се соочи со нов пораз овој пат од 1:3 во Серија А.