Цезар Родригез е вториот Бразилец во ерата на Крањоти кој потпиша 5 годишен договор со Лацио летото 2001-ва за сума од 5 милиони долари. Го облече број 3 и влезе во комбинација на лево крило во формацијата 3-5-2 на Дино Ѕоф.
За Лацио одигра вкупно пет сезони и на 119 меча постигна 18 голови, а две сезони играше заедно и со Горан Пандев. Љубовта кон овој тим за кој страсно навива ја опишува со една анегдота од денот кога потпишал.
„Кога пристигнав во Лацио, можеби малку збунет од временската зоната, но и долгиот пат, морав да останам под надзор 24 часа поради забрзано чукање на срцето. Потоа сфатив дека тоа е симптом кон една една нова љубов“.
Цезар со Лацио освои Куп на Италија, а откако во 2006-та направи трансфер во Интер освои две титули под водство на Роберто Манчини.
Неговата поврзаност со навивачите на Лацио е посебна бидејќи е поранешен стрелец на римското дерби и тоа на едно од нивните омилени на 6 јануари 2005-та, кога гол по пауза од 17 години на Рома и даде Паоло Ди Канио кој важи за голем Лацијал уште од дете.
Голот на дербито на кое ќе ја забележите и радоста на Пандев кој скокна од клупа.
За навивачите на Лацио веќе е нормална појава тој да биде меѓу нив. Еве го пред две години како ултрас на трибина.
Инаку поранешниот играч, а сега голем навивач на Лацио од март годинава е ангажиран како тренер во академијата на клубот каде ја води генерацијата 2003-та.