Ако 26 мај 2013-та е датум број 1 за реметење на навивачите на Рома кога Лацио го доби првото римско дерби одиграно во финалето од Купот на Италија, тогаш вториот датум по важност е 4 април 2017-та на кој Рома повторно капитулираше во Купот, овој пат во полуфинале.
Симоне Инѕаги секогаш беше играч во сенка на брат му, но затоа покажува голем тренерски потенцијал. Лацио го држи на 4. место во Серија А, а во 180 минутното соочување со Рома целосно го надмудри далеку поискусниот колега Лучано Спалети.
Лацијалите на 1 март славеа 2:0, а синоќа загубија 3:2 со што го елиминираа големиот ривал во купот по кој следуваше големо славје и под исполнетата Курва Норд и во соблекувалната. Во финале ќе играат против подобриот од вечерашниот дуел меѓу Наполи и Јуве.
Кореографиите на двете навивачки групи
Хајлајтс од мечот