Со 22 гола на 39 години сезонава во Серија А, Лука Тони стана највозрасниот фудбалер што некогаш ја освоил наградата најдобар стрелец во едно од петте најдобри првенства во Европа.
Неколку играчи изминатово лето се вдомија по италијанските екипи, но веќе во јануари ќе треба да пакуваат куфери. Дојдоа како засилувања, не играа доволно, по што клубовите решија или да ги позајмат или да ги продаваат во следниов зимски трансфер преоден рок.
Да се биде навивач е искрена романтика. Да се дава глас, раце, дланки, срце за гол, за моментот во кој навивачот ќе ги заборави сите човечки потреби и ќе му удри шамар на системот.
Најголемото освежување оваа сезона во италијанското првенство е ланскиот второлигаш Верона кој покажа дека со голема компактност, мотивација и малку пари може да се стигне до доста солиден пласман барем во првиот дел од сезоната.
Младиот Жоргињо од Верона за „Газета дело Спорт" раскажува како од страна на италијански агент бил донесен од Бразил во Италија заедно со уште 50 деца. Тој сега е на мета на англиските гиганти, а се претставува дека бил дел од група за трговија со деца.
Секоја година во градот на Шекспировите Ромео и Јулија, пристигнуваат илјадници писма полни љубовни јади, адресирани до поубавата половина на овој пар.