Од вкупно 49 голови на Верона сезонава, 39-годишниот Лука Тони постигна 22 и ја подели наградата најдобар голгетер заедно со Мауро Икарди од Интер. Благодарение на неговите голови, Верона мирно ја заврши сезоната и осигура опстанок во лигата.
„Пензија? Не, воопшто не размислувам на повлекување“, како од топ одговори Лука Тони кога новинарите го прашаа за неговите планови по крајот на сезоната.
Инаку Верона го одигра последниот натпревар во саботата на 30. мај против Јувентус (2-2), а Интер на Мауро Икарди играше во неделата на 31. мај против Емполи (4-2). Аргентинецот постигна два гола и на секој начин се обиде да го престигне Тони (39), пишува Гол.ком.
„Го гледав тој дуел со сопругата Марта, со децата и со пријателите. Се тресев секој пат кога Икарди ја имаше топката и на крајот испадна чесно што ја поделивме наградата за најдобар стрелец во првенството“, вели Тони.
Некогашниот италијански репрезентативец прилично доцна ја започнал својата кариера, а пред да почне да се занимава со фудбал, голема страст му биле камионите и бил уверен дека ќе биде возач на камиони.
Кариерата ја почна во Модена, па преку Емполи, Фиоренцуоло, Лодиџани, Тревизо, Виченца и Бреша стигна до Палермо. Во клубот од Сицилија постигна 50 голови и доби понуда од Фиорентина. По Виолетовите, патот го однесе во Германија каде играше за минхенски Баерн. Се врати во Рома во 2010. а играше уште и за Џенова и Јувентус, за да на крајот заврши во Верона.
„Титулата на Мундијалот во Германија 2006. година е нешто што не се заборава. И ништо да не освоев друго, тоа СП би било доволно за мене. Се надевам дека и натаму им требам, би сакал да продолжам со Верона уште некоја сезона пред да се пензионирам“, констатираше Лука Тони.
Динамит уште има, покажа многу пати досега. Старата коска е најтврда велат, а Тони го докажа тоа со вкупно 153 голови во Серија А и вкупно 301 гол во кариерата во сите натпреварувања. Сезонава Лука Тони даде 5 голови со десна нога, 11 со лева, 2 со глава а 4 од пенал.
Сите 22 гола на Тони сезонава: