На почетокот на септември актуелни во Серија А не беа голови на Кристијано Роналдо, грешки на Де Лихт или емоциите на Конте. Тогаш Интер гостуваше кај Каљари а домашните навивачи испуштаа мајмунски крици кога Ромелу Лукаку се спремаше да изведе пенал.
После мечот центарфорот изјави: „Ова го прави фудбалот срамен“.
Во неделата доцна попладне се повтори голем расистички скандал во Италија која како да нема сили и волја да се избори со оваа тешка проблематика.
Бреша гостуваше кај Верона, а во 54’ минута од мечот кај корнер знаменцето во едниот агол Марио Балотели изреволтиран што поединци непрестано „букале“ и извикувале мајмунски крици, ја зема топката сред игра и ја зарога во правец на навивачите на Верона.
🇮🇹 This is one of the most disturbing videos I've ever watched. Verona fans waiting for Mario Balotelli to touch the ball so they can racially abuse him with monkey noises.
— FutbolBible (@FutbolBible) November 4, 2019
I still can't believe we're witnessing stuff like this in 2019. Absolutely disgusting. pic.twitter.com/LnfVBCvPgx
Марио тргна да излезе од игра, го напушташе теренот но соиграчите и противничките фудбалери го гушкаа, му пружија поддршка и го убедија да остане. А судијата му даде жолт картон поради рогање топка. Во ситуација кога Италија нема решение за расистичките испади, соиграчите на Балотели требаше да излезат со него од игра и да не го продолжат натпреварот.
По 4-минутен прекин, некогашниот шпиц на Интер, Милан, Манчестер Сити и Ница, се врати на теренот и во 85’ минута постигна гол. Натпреварот заврши 2-1 за Верона.
Тренерот на Верона Иван Јуриќ после мечот изјавил:
„Денес немаше баш никакви расистички извици. Слушнав само свирежи кон еден голем играч и ништо друго. Ја сум Словен и со години ме нарекуваат „валкан циган“ (zingaro di merda), така што расистичките навреди ги презирам. Но денес, повторувам, не слушнав ништо. Прашајте го Балотели што тој слушнал за да реагира така. Немам никаков проблем да осудам скандирања, ако постојат, па и ако се од нашите навивачи. Тоа се работи кои не може да се прифатат во 2019 години. Но денес немаше баш ништо“, рекол Јуриќ.
Навивачите на Верона се познати како ултра-десничари и често имаат расистички испади. На неколку натпревари носеа банер/знаме со свастика на него, а ова беше највидливо на мечот во финалето од плејофот за влез во Серија А против Читадела. Потоа пееле песни за Рудолф Хес - личниот секретар на Хитлер.
Марио Балотели, кој е италијански репрезентативец со години, кога играше во француската Лига 1 за Ница и Марсеј зборувал дека расизмот и во Франција е легализиран но дека во Италија почесто го навредувале. Неодамна кажал дека ако се родел со друга боја на кожа, ќе имал многу помалку проблеми во животот.
Изминатово лето премина во Бреша, градот во кој се родил и во кој го посвоиле италијански родители. Марио има 29 години и се врати во местото каде израснал.
„Во детството не разбираш зошто другите деца те одбиваат без причина. Памтам еднаш во школо едно дете ми се смееше. Ме праша каква боја ми е срцето: бело или црно. Му реков не знам.
Во Бреша имаше четири или пет темнокожи деца во целиот град. Во школо не ме викаа да играм фудбал. На 13 или 14 години ја слушнав првата сериозна расистичка навреда. Се скарав со некого на терен и ми рекоа: „Да, ти си црнчуга! Да се вратиш во твојата земја“.
Во мај годинава Балотели се пожали дека поради бојата на кожата не го викале во репрезентација.
Но селекторот Манчини, кој му е како втор татко на Марио и кој го однесе во Манчестер Сити на времето, сега е селектор на Италија и тврди дека едно време не го викал Балотели поради формата и поради ништо друго.
„Ако даде 25 гола, ако го пресингува противникот, ако работи за екипата и прави сè што треба да прави 29-годишен фудбалер, тогаш ќе добие шанса да се врати во репрезентацијата. За него е многу важно да одигра добра сезона“.
Балотели до сега сезонава има 2 гола и неколку асистенции.