Бланко Куаутемок на кој можеби некој ќе се сети од СП Франција 1998, почна да игра фудбал во 1992 година, а се пензионираше во април годинава на 42 години. Но тоа за него не значеше и конечна пензија, туку почеток на една нова кариера во локалната политика.
Тој летово се кандидираше и стана градоначалник на Куернавака, а Medio Tiempo објави дека за кандидатурата поднел CV ископирано од неговата Википедија.
Кандидатите требало да поднесат информации за нивното досегашно работно искуство, како и за образованието, но Бланко се фокусирал на неговите фудбалските достигнувања и ги напишал 39-те голови постигнати за селекцијата на Мексико, како и рекордот во Купот на конфедерации.
Бланко Куаутемок во 1999 година ја освои Сребрената топка и Сребрената копачка на Купот на конфедерации и тој заедно со Роналдињо се најдобри стрелци на ова натпреварување со по 9 голови.
Најголемиот дел од кариерата ја помина во мексиканскиот клуб Америка за кој има одиграно 333 меча и има постигнато 135 голови. Тој им стана идол на навивачите и важна фигура во историјата на тимот.
Новиот градоначалник на Куернавака е препознатлив по овој дриблинг
А кога на 39 години играше во втората мексиканска лига го правеше ова