Утрото по објавувањето на резултатите од гласањето кои покажале дека Мехмет Акјол повеќе не е градоначалник на збутаното Јенидонгалар (во близина на Црното море), тамошното детско игралиште веќе биле демонтирано.
Според некои очевидци, дотогашниот градоначалник лично учествувал во „сечењето на лулашките и лизгалките затоа што бил гневен на резултатите.“
Инаку Акјол повеќе од 20 години бил прв човек на Јенидонгалар пред да биде поразен на изборите, а детското игралиште било изградено само две недели пред гласањето. Турските новински агенции ги пренесуваат изјавите од тамошните жители според кој Акјол „го изградил игралиштето само за да освои гласови, а го срушил кога изгубил“.
Акјол во своја одбрана порачува дека опремата била негова бидејќи тој платил за нејзе од сопствени пари.
Откако веста се шири по турските медиуми, новите локални власти биле контактирани од двајца музичари кои решаваат по пола да го покријат трошокот за реставрирање на детското игралиште.