50-годишниот Фабио Борсати се кандидирал за градоначалник на Чимоли, за да му прави друштво на својот пријател на гласачкото ливче. Фабио во последен момент се пријавил, стравувајќи дека ако има само еден кандидат, никој нема да излезе на гласање.
Борсати ја добил позицијата и покрај тоа што никој од неговото семејство не гласал за него.
"Станав претседател на општината без да го сакам тоа. Сакав Џино да победи. Дури и моите роднини гласаа за него. Ќерка ми, син ми, татко ми, мајка ми, сите гласаа за него," изјавил Фабио.
На крај Фабио освоил 160 гласови, а неговиот пријател Џино Бертоло фатил само 117 ливчиња.
Борсати изјавил дека не планира да поднесе оставка и дека ќе ја извршува должноста кон 507-те жители на Чимоли.