На промоцијата на брендот Меси се појави во патики, фармерки, во кошула и сако (комплет од англискиот бренд Richard James).
„Сакам да изучувам разни области надвор од спортот. По можност се трудам да учествувам во нешто ново. Искрено многу сакав да пуштам сопствена фешн-линија“, рекол капитенот на Барселона.
Лионел се посветил многу на оваа нова сфера во неговиот живот, па решил се да биде професионално. Креативен директор на брендот станала Џини Хилфигер, многу искусна личност во светот на модната индустрија.
Џини е сестра на легендарниот американски дизајнер Томи Хилфигер, кој го создаде истоимениот бренд кој има обрт од повеќе од 2 милијарди долари годишно.
Во брендот Tommy Hilfiger, Џини работела 15 години како потпретседател. Денес таа го развива својот бренд Ginny H и работи како дизајнер за колекцијата Fila. Меси за својот бренд ја ангажирал агенцијата MGO (Џини работи и таму како специјалист за брендирање).
Марија Сол, сестрата на Меси ќе биде бренд-менаџер и фактички таа е врската меѓу Лео и Џини која ќе ги пренесува желбите и идеите на фудбалерот.
Во моментов основно место за продажба на облека од брендот Messi ќе биде интернет страната The Messi Store. Во моментов таму има фотографии на кои Меси позира и има неколку достапни артикли како: маички, поло, блузон и тренерка.
Лионел и сестра му планирале да го шират асортиманот постепено, односно со една до две работи неделно. Наскоро во продажба ќе има и јакна која ќе чини 200 долари, како и панталони со цена од 140 долари.
Сестра му на Лео, Марија Сол изјавила дека облеката е секојдневна и дека може да ја носат луѓе од различна возраст. Целта на брендот е да ја пренесе вредноста и мастерството на Аргентинецот од теренот на облека.
Џини Хилфигер рекла дека во првата колекција ќе има неколку производи со автограм од Лео.
(блузон по цена од 70 долари)
(маица 70 долари)
(блузон 170 долари)
Брендот на Меси веќе има прв договор за партнерство и тоа со лондонскиот водечки бренд Richard James чии клиенти меѓу другите се Дејвид Бекам и принцот Вилијам.
За семејството Меси ова не е прв влез во модата. Но првиот обид бил целосно неуспешен.
Во мај 2017 година Антонела Рокуцо, жена му на Меси и Софија Балби, жена му на Луис Суарез отворија во центарот на Барселона бутик Sarkany и таму продавале чевли од аргентинскиот дизајнер Рики Саркани.
После само 10 месеци бутикот бил затворен, а дизајнерот рекол дека сопственичките сакале повеќе време да поминат со децата.
Можно е вториот обид да биде поуспешен, иако ќе мораат да запнат ако сакаат да го стигнат „главниот конкурент“ Кристијано Роналдо кој уште од 2013 година има свој бренд на облека, патики, парфеми и накит од чија продажба заработува од 6 до 10 милиони долари годишно.
Сега ривалитетот меѓу Меси и Роналдо дојде и на модната сцена.