Оние што ќе сакаат да работат како модели ќе мора да обезбедат лекарски сертификат за нивната општа здравствена состојба со посебен осврт на нивниот индекс на телесна маса (БМИ), кој е корелација на нечија тежина и висина.
Министерството за здравство соопшти дека законот е една од мерките за борба против пореметувањата во исхраната и наметнувањето на недостижни идеали, особено во поглед на младите девојки.
Според истиот закон, од први октомври оваа година, ќе мора да биде назначено ако некоја фотографија била дигитално обработувана и променета.
Претходната верзија на законот препишуваше општ минимален БМИ за да може една девојка да работи како модел но тоа предизвика револт во индустријата па во финалната верзија е оставено клучен збор во секој конкретен случај да има лекарската проценка.
Работодавците кои ќе го прекршат законот се соочуваат со казна до 75.000 евра и 6 месеци затвор.
Франција не е прва земја која го регулира ова прашање. Претходно тоа го направија и Италија, Шпанија и Израел. Се проценува дека анорексијата погодува меѓу 30.000 и 40.000 луѓе во Франција, од кои 90% се жени.