Холандската полиција од Ротердам започна пилот програма во која планираат да конфискуваат скапа облека и накит од млади луѓе кои ќе им изгледаат премногу сиромашно за да го имаат тоа на себе. Ако „осомничените“ не докажат како купиле нешто што го носат, тоа ќе им биде конфискувано. Џамахирија на европски начин.
Компанијата на Аурора Џејмс, дизајнерката на фустанот на Александрија Оказио Кортез за МЕТ гала, до сега има примено повеќе предупредувања за неколку години неплатен данок.
Шведската инфлуенсерка од муслиманска вероисповед Имане Асри беше избрана од шведското издание на Ел магазинот за добитничка на наградата „Изглед на годината“.
Брзиот живот и шопинг зависностите го имаат скратено просечниот живот на едно парче облека на само две години. Така, вишокот облека создава повеќе CO2 од сите авиони и бродови заедно.
Се до пред некоја година Икеа сините торби можеа да се купат за 1 евро, за тогаш креативниот директор на Баленсијага, Грузиецот Димна Васалија, да реши на светот да му овозможи да купи ваква торба за над 2.000 долари.
За на жените да не им се наметнуваат погрешни идеали кои патем се и штетни за здравјето, во Франција стапи на сила закон со кој се забранува ангажирање претерано слаби и анорексични манекенки.
За само 425 долари можете да изгледате како пред пет минути да сте товареле даски и цемент. Ако има правда, така облечени ќе си најдете женска која се носи како да сте ѝ втор.
Едно време беа Бурди, бележења со сапунче и шпенадли со топчиња во различни бои. Сега на ред е апликација што една недела ќе собира податоци за вас за на крај да ви го понуди идеалниот дизајн на она што треба да го облечете.
Верувале или не, Мик Џегер меѓу другото е и модна икона и тоа му го признаават големи дизајнерски куќи како Ив Сен Лоран на кои пејачот на Стоунси им бил инспирација за нови дизајни. Оттука, кога Џегер ќе бекне нешто за модата, мажите треба да фаќаат забелешки.
По досегашниот ред на настаните вечерва во Њујорк се случува Викторија Сикрет Шоу, кое ќе биде снимано и на 8-ми декември ќе има телевизиска премиера на СиБиЕс. Овие два часа телевизиска програма се подготвуваат речиси цела година.
Огромниот избор на различни брендови и модели очила е оптичка илузија. Зад огромен дел од скапотијата што денес се носи на нос како престижно парче мода стои една фирма на чија позиција на пазарот може да завидува и АД Бутел.
Иако наши луѓе и натаму се чекираат кога се во некој соседски Старбакс, небаре се на ултра ексклузивно место а не во дуќан кој продава скапо кафе во еднократна амбалажа, самата компанија има ужасни проблеми да го избегне имиџот на општа дроља.
Од страна гледано, кога жените ќе решат да ја сменат интимната фризура тоа го прават така брзо и масовно, како сите истовремено да добиваат таен меморандум за тоа. Најновата мода се вика "полна бразилска грмушка". Звучи оксиморонски ама делува.
Во една од најдобрите одбрани на модната индустрија Мерил Стрип и реплицира Ен Хатавеј (во Ѓаволот носи прада), дека тоа што таа мисли дека нејзината облека е случаен избор и некаков бунт против модата, всушност е внимателно избрана комбинација од луѓе од модната индустрија. Околу уникатноста во начинот на кој што се облекувате свој коментар има и еден холандски фотограф кој оди во најразлични градови низ светот и фотографира пешаци.
Ако овој последен фенси трик дојде и кај нас (а која глупост не дошла?) ете можност со пиење кафе да се помогне македонско земјоделство. А и ќе ни биде голем ќеиф кога ќе ги гледаме домашните помодари како ги личи да шмркаат од тоа бабурата.
Магазинот Есквајер состави листа на олд скул мафијаши кои внесоа шик и елеганција во модерното облекување. Со колку повалкан бизнис се занимавале, толку почисто изгледале. Еве ги фраерите.
Во 1985-та Ана Винтур станува уредничка на британскиот Вог, 3 години подоцна ја префрлуваат на истата позиција ама на американското издание. Речиси 30 години подоцна, не е мрдната од таму.
Можеш да бидеш сигурен дека индустријата има проблем кога филмска / тв ѕвезда што е добитничка на Еми и има номинација за Оскар, не може да најде дизајнер што би ја облекол за некоја церемонија, само заради тоа што е дебела.
Марфиевата законитост "сè што може да тргне погрешно, ќе тргне погрешно" често ја покажува својата сила и на изборот на кошула и вратоврска. Токму многу комбинации и толку многу можности да се оплеска работата. Примерите ги гледаме често кај наши јавни лица, политичари, водители...
Ознаките на производите какви што сме ги навикнале, оние од типот "Отсега со повеќе витамин Ц.... со повеќе волумен... со повеќе млеко..." наскоро би можеле да бидат заменети со ветување: "Отсега со повеќе технологија!"
Карабинерите уапсија 14 луѓе и запленија над милион парчиња облека, затоа што била продавана како кашмир а всушност е направена или содржела крзно од стаорци.