Најелегантните мафијаши на сите времиња

Магазинот Есквајер состави листа на олд скул мафијаши кои внесоа шик и елеганција во модерното облекување. Со колку повалкан бизнис се занимавале, толку почисто изгледале. Еве ги фраерите.

Џое Гало

Не пишува Бод Дилан песни за секого. Гало бил роден бунтовник, така и завршува, убиен во еден ресторан на Менхетн славејќи го својот 43-ти роденден. На сослушување во Сенатот се појави клот во црно, со Рејбанки, велејќи му на тогашниот сенатор Роберт Кенеди дека килимот во неговата канцеларија би бил одличен за фрлање коцки. 

Багзи Сигел

Еден од оние кои го создадоа модерниот Лас Вегас. Често во друштво со Џин Харлоу и други холувудски ѕвезди. Закопчано само средното копче, се разбира. 

Чезаре Бонвентре

Сицијијанецот не бил голем мафијаш ама во Њујорк ја донесува ноншалантноста и лежерноста, стил познат како спрецатура.

Џое Бонано

 

Еден од класичарите, она што тој го носел, денес се смета за трејдмарк на мафијашкиот стил.

Лаки Лучиано

Татко на организираниот криминал. По краткиот успех на кланот Маранцано, Лучиано сепак победува во прочуените мафијашки пресметки и ја формира Комисијата, своевиден Надзорен орган составен од претставници на пет еднакви фамилии. Елегантен до последниот ден, умира во егзил во Неапол.

Џое Барбоза

"Животното" бил ликвидатор, човек од теренот. Не носел крути одела веројатно поради природата на својата работа.

Френк Костело

Протеже на Лаки Лучиано и подоцна шеф на мафијата од Џенова. Со тек на времето го заслужува прекарот "Премиер на подземјето".

Мејер Лански

Не толку извикан но го сметаат за главниот мозок на организираниот криминал. Омилен детал: лептир машни. 

Ентони Карфано

Втор човек на големите ѕверки како Лучиано или Френк Костело. Го цементира стилот со сакоа со двојна постава и ракави што ѕиркаат под сакото.

Ал Капоне

Напознатиот од сите. Ги надмудрува федералците со години сè додека не успеваат да го пикнат во Алкатраз заради затајување данок. Мал и здепаст но елегантен човек, со задолжителни троделни одела и бели федора шапки.

1 октомври 2014 - 10:00