
Фотографот Ханс Ејкелбум речиси 20 години ги открива шаблоните низ светот, фотографирајќи пешаци. Се позиционира на некоја раскрсница, 15-на минути бара да одбере тема што се повторува и почнува да штрака. Целото фотографирање обично трае околу 2-3 часа, а потоа најдобрите фотографии ги става во една групна фотка на која ги додава траењето и локацијата.
"Сега истите теми ги гледаш и во Москва и во Сао Паоло. Во последните 10 години се навистина се промени. Секој трговски центар во светот сега ги има истите брендови," објаснува Ејкелбум.