Поставата за шоуто е составена од 47 манекенки. Освен фиксовите ангели, сите други модели минуваат кастинг пред извршните продуценти на шоуто и луѓето од компанијата.
Равенката по која се бираат девојките е комбинација од секси и колку таа може да продава а.k.a. колку и е допадлива на публиката.
"Одлуката за Ангелите е од продавачите. Тие ги следат девојките и одредени девојки успеваат да продаваат. Тоа се жени кои се привлечни за други жени. И тие се посебни и по тоа што никогаш не се појавиле во машки магазини, затоа што кога ќе почнат таму да се појавуваат потенцијалните женски муштерии нив го доживуваат како закана," објаснува Ричард Ханерли од ДНА Модел Менаџмент.
Годинава од компанијата снимија кратко видео за процесот на кастинг: